Први чекори со Okawix:
Кога за прв пат ќе го пуштите Okawix for, ќе забележите: најгоре во прозорецот на Okawix има алатник; под алатникот е лентата за пребарување; под неа, од лево, рамката за раководење со корпус а од десно, главната рамка. Таа ви овозможува да одбирате јазици за содржината (наречени и архиви, или Корпус) кои би сакале да ги преземете за да можете да ги читате без интернет. Можете да изберете колку што сакате јазици.
На пример, одберете Македонски, и потоа кликнете на Одбери јазици.
Ќе ви се појави списокот на достапни архиви за тој јазик. ПОкрај ова, ви се нуди и можноста да побарате да се создаде архив на вашето сопствено мрежно место: едноставно внесете ја вашата е-пошта и URL-адресата на страницата, и кликнете на Побарај.
Кликнете на копчето Преземи во архивот кој би сакале да го разгледувате вон интернет. Okawix ви нуди да го зачувате архивот во вашиот сметач, во директориум по ваш избор.
Архивот можете да изберете да го преземете со и без слики (за да заштедите време за преземање и простор во сметачот).
Кликнете на Инсталирај. Потоа избраниот архив ќе се зачува, и неговата главна страница се појавува во главната рамка (без сликите ако изберете да не ги преземете). Во левата рамка, името на овој архив ќе се додаде во списокот на локално складирани архиви.
Статиите од овој ахрив сега ќе можат да се читаат вон интернет.
Копчињата назад и напред: копчињата назад и напред служат за враќање на претходниот ресурс и повторно одење напред, исто како кај секој прелистувач.
КопчетоДома: во главната рамка ја прикажува главната страница на архивот кој го консултирате, а лево ја дава рамката за раководење со корпусот.
Копчето „Покажи резултати од пребарувањето“: во левата расклопна рамка ги прикажува резултатите од вашето последно пребарување.
Копчето Прикажи историја: во левата расклопна рамка ги прикажува вашите изминатите пребарувања, т.е. вашата историја на пребарување, користејќи го полето за пребарување на Okawix. Ако кликнете на ставка во историјата, во истата лева рамка ќе ви се прикажат резултатите од пребарувањето на кое сте кликнале.
Копчето Отпечати ја страницава: ѝ дава наредба на алатката за печатење во вашиот оперативен систем.
Копчето Повеќе содржини: лево ја прикажува рамката за раководење со корпусот, а во главната рамка оддесно, го пикажува образецот за избор на јазик (ако веќе сте ги одбрале јазиците за време на тековната Okawix сесија, наместо ова ќе се прикаже страницата за избор на архив, со архивите достапни за јазиците кои се ги одбрале).
Копчето Помош: ги прикажува овие кориснички напатствија (во прозорецот за напатствија ќе го најдете и копчето За програмот. Ако кликнете на него ќе ви се појави кутијата За програмот, со информации за програмот и неговите aвтори во неа).
Како да пребарувате по корпусот (полето Пребарување, копчето Пребарај): Okawix овозможува пребарување по активниот корпус за статиите кои се релевантни на она што го барате. Оваа функција е овозможена од семантичкиот пребарувач Wikiwix (развиен од фирмата Linterweb, како и самиот Okawix).
Пребарувањето е едноставно: просто внесете ги саканите зборови во полето за пребарување. Како што пишувате, автоматското дополнување ви дава предлози релевантни на она што дотогаш сте го внеле, а што се однесува на моментално активниот корпус (автоматското дополнување се активира откако ќе внесете барем четири букви; имајте на ум дека ако зборот не ви се покажува во списокот на предлози, тоа не мора да значи дека тој не се јавува во корпусот или дека барањето нема да се совпадне со ниедна статија).
Откога ќе го внесете барањето, пребарувањето можете да го довршите една од следниве постапки:
- кликнете на еден од преложените поими.
- одберете еден од предложените поими со курсорските копчиња Горе и Долу, и притиснете Enter.
- внесете збор во полето Пребарување и притиснете Enter.
- внесете збор во полето Пребарување и кликнете на копчето Пребарај.
Во левата расклопна рамка ќе ви се прикажат првите 25 резултати, подредени по релевантност на вашето барање. Називите на пронајдените статии се напишани на обоени правоаголни ленти, секоја со должина сразмерна на релевантноста на статијата на вашето барање.
Напомена 1: фактот што ќе ви се појави некоја статија меѓу резултатите релевантни на барањето не значи дека статијата ги содржи сите зборови од тоа барање; релевантноста на статиите ја оценува пребарувачот Wikiwix со помош на сложени алгоритми, чиишто подробности се нажалост вон опфатот на оваа документација.
Напомена 2: Wikiwix е предвиден да одговара на барањата поставени на природен (наречен и обичен) јазик. Тоа значи дека во полето не треба да пребарувате само клучни зборови, коишто би очекувале да ви донесат најдобри резултати (како кај другите пребарувачи), со Wikiwix поставете го прашањето целосно, како кога би прашале некој човек. На пример, да претпоставиме дека сакате да дознаете колку е висока Ајфеловата кула. Со Wikiwix, прашањето поставете го вака: „Колку е висока Ајфеловата кула?“. Wikiwix потоа ќе се обиде да го „разбере“ значењето на она што го прашувате и ќе ви ги даде резултатите кои се најрелевантни на прашаното. Меѓутоа треба да се напомене и дека Wikiwix сè уште ја нема достигнато интелигенцијата на едно човечко суштество при разбирањето на прашањата; секоја нова верзија на Okawix и Wikiwix ќе содржи нови подобрувања на тој план.
Копчето Најди збор на оваа страница: му овозможува на корисникот да ги пронајде сите јавувања на дадена низа знаци на моментално прикажаната страницата во главната рамка. Кога ќе кликнете на тоа копче, ќе ви излезе мала кутијка Пронајди. Во полето внесете низа знаци кои би сакале да ги пронајдете.
Штиклирајте Запази големи/мали букви ако сакате да пребарате токму така како што сте напишале, а во спротивно отштиклирајте го (ако оваа можност е штиклирана, и сакате да го најдете на пр. зборот „држави“, тогаш нема да бидат пронајдени сите јавувања на „Држави“, бидејќи не се совпаѓа точно по величината на буквата со „држави“).
Одберете Кружно ако сакате пребарувањето да продолжи од почетокот на страницата откако ќе дојде до крајот (во спротивно отштиклирајте).
Исто така можете да ја наместите насоката на пребарување: од горе-надолу ако е одбрано Долу, од долу-нагоре, ако е одбрано Горе.
Потоа кликнете на Пронајди следно за да започнете да пребарувате. Ако има пронајдени зборови, првото јавување на зборот ќе биде обоено со сино. Кликнете повторно за да го пронајдете второто јавување, (ако го има), па третото, ... Ако нема јавувања, или нема повеќе јавувања, ќе се појави пораката „Внесениот текст не е пронајден“ (освен ако не е штиклиран Кружно).
Кликнете на Откажи за да ја затворите кутијката Пронајди.
Страницата за избор на јазик: оваа страница ви овозможува да ги изберете јазиците на содржините (наречени и архиви, или Корпус) кои сакате да ги преземете, за да можете да ги читате вон интернет. Ако јазиците сè уште не се избрани во текот на оваа Okawix сесија, можете да дојдете до оваа страница со кликнување на копчето Повеќе содржина во алатникот. Ако јазиците се веќе избрани, тогаш ќе ви се појави страницата за избор на архив наместо страницата за избор на јазик; потоа можете да ги менувате избраните јазици со кликнување на уреди (по зборовите „Одбрани јазици“).
Можете да изберете неколку јазици. Јазиците се сортираат по број на статии на Википедијата на тој јазик.
Потоа кликнете на Избери јазици; ќе ја добиете страницата за избор на архив.
Страницата за избор на архив: Оваа страница ви овозможува најпрвин да ги одберете архивите кои сакате да ги преземете (за да можете да ги прелистувате вон интернет), и покрај ова ви нуди да создадете архиви за вашето сопствено мрежно место. До оваа страница ќе дојдете со кликнување на копчето Повеќе содржини во алатикот. Ако јазиците сè уште не се одбрани во текот на моменталната Okawix сесија, ќе ви се прикаже страницата за избор на јазик наместо страницата за избор на архив; во овој случај прво ќе треба да ги одберете јазиците на содржините (наречени и архиви, или Корпус) кое сакате да ги преземетеи потоа да кликнете на Избери јазици, за потоа да може да ја добиете страницата за избор на архив.
Страницата за избор на архив ви ги прикажува архивите кои се достапни за јазиците кои се ги избрале, и колкави се тие архиви.
За да преземете архив, едноставно кликнете на соодветното копче Преземи. Потоа ќе ја добиете страницата за инсталација на овој архив, и името на архивот ќе се додаде на списокот инсталирај на архиви спремни за инсталирање за тековната Okawix сесија, во рамката за раководење со корпусот (левата расклопна рамка).
На крај, ако сакате да ви биде созден архив на вашето сопствено мрежно место, просто внесете ја вашата е-пошта и URL-адресата на страницата, и кликнете на Побарај.
Страницата за инсталација на даден архив: овозможува преземање и инсталирање на претходно избран архив. За да дојдете до оваа страница, направете едно од следниве постапки:
- кликнете, во рамката за раководење со корпусот (левата расклопна рамка), на името на саканиот архив, во списокот инсталирај, во случај овој список да не е празен.
- ако името на саканиот архив не се појавува во списокот инсталирај на архиви спремни за инсталирање за тековната Okawix сесија, во рамката за раководење со курпусот (левата расклопна рамка), потоа кликнете, во страницата за избор на архив, на копчето Преземи кое се однесува на саканиот архив.
На страницата ќе се прикаже името на саканиот архив, и директориумот кадешто ќе се зачува архивот (ако сакате да одберете друг директориум, внесете ја патеката на директориум во соодветното поле, или кликнете на копчето Прелистај (Browse) и одберете го саканиот директориум).
Ако е одбрана можноста Инсталирај слики, тогаш сликите од статиите ќе бидат преземени и инсталирани (што значи дека преземањето ќе трае подолго, и дека зачуваното ќе зафати поголем простор на дискот).
Вкупната големина на она што го инсталирате (само архивот, или архивот заедно со сликите) исто така се прикажува под копчето Прелистај.
Со кликнување на Откажи можете да го отстраните името на архивот од списокот инсталирај на архиви спремни за инсталирање за тековната Okawix сесија, во рамката за раководење со корпусот (левата расклопна рамка).
Ако кликнете на Инсталирај, Okawix ќе го инсталира архивот, чиешто име ќе прејде од списокот инсталирај на архиви спремни за инсталирање за тековната Okawix сесија, на списокот локални на веќе инсталирани архиви, во рамката за раководење со корпусот (левата расклопна рамка). Ако овој архив е претходно инсталиран, ќе ви се појави порака „корпусот е веќе инсталиран“ и ќе бидете прашани дали „сакате да ја ажурирате“.
Рамката за раководење со корпусот: ви овозможува да раководите со корпусот (наречен и архиви или содржини), на пр. да ги инсталирате или да не се прикажат, да ги додадете сликите, ...
До рамката можете да дојдете со кликнување, во алатникот, на Дома, или пак на Повеќе содржини. Рамката е расклоплива и секогаш се појавува лево од посредникот.
Рамката содржи, од горе-надолу:
- списокот локални на претходно инсталирани архиви (ако ги има). Ако кликнете на архив од списокот ќе ви се отвори главната страница на тој архив.
- списокот инсталирај на архиви спремни за инсталирање во тековната Okawix сесија (ако ги има). Ако кликнете на архив од овој список ќе ја видите страницата за инсталација на овој архив во главната рамка, десно од посредникот.
- можеби копче http. Ако кликнете на ова копче ќе ви се прикаже, десно од посредникот, страницата за избор на јазик (ако јазиците за тековната Okawix сесија се веќе избрани, тогаш директно ќе ви се појави страницата за избор на достапни архиви за претходно избраните јазици).
На самото дно на оваа рамка ќе приметите две копчиња:
- Додај слики: ако е одбран архив од списоците локални или инсталирај, со кликнување на Додај слики ќе ви се прикаже страницата за инсталација во главната рамка, десно од посредникот, и ќе ви понуди да продолжите со инсталирањето на слики од статиите за овој архив
- Отстрани: ако е одбран архив од списоците локални или инсталирај, со кликнување на Отстрани се отстранува архивот од овој список. Ако архивот бил на списокот локални (што значи бил инсталиран локално), ќе бидат избришани соодветните податотеки.
documentation translation made by